(ВИДЕО) За општинскиот линиски превоз се чека одлуката на второстепената комисија

Веќе месец ипол жителите на поголемите кумановски населби не користат општински линиски превоз. Во Телевизија Плус секојдневно пристигнуваат поплаки од граѓаните на кои што заради превозот им се загрозени работните места, здравјето, семејниот буџет.

Од општина Куманово денеска информираа дека за спорните шест линии од градскиот превоз се уште се чека одлуката на второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски, поради поднесените приговори на дел од превозниците.

Не се знае кога жителите на населбите Гоце Делчев, Зелен Рид, Перо Чичо, Карпош, Железничка, Иго Тричковиќ, Тромеѓа и други повторно ќе имаат можност по симболична цена на билетот да го користат јавниот линиски превоз.

За останатите 15  линии, од вкупно одобрените 21, превозници беа избрани на крајот на јануари месец и тие се во функција од први февруари годинава.

Коментари

коментар(и)