Во рамките на програмата за информирање на засегнати страни во реализацијата на проектот Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка, како дел од проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор VIII, би сакале да Ве информираме дека на 22.01.2026 во периодот од 11:00 до 16:00 часот фирмата ГУЛЕРМАК АГИР САНАЈИ ИНШААТ ВЕ ТААХХУТ АНОНИМ ШИРКЕТИ Анкара – Подружница во Скопје (ГУЛЕРМАК) во координација со компанијата МАКТЕК , ќе реализира минирање во близина на кампот и Лазинска маала.
Од безбедносни причини регионалниот пат Р29281 ќе биде затворен во текот на минирањето. Затворањето на патот нема да трае подолго од 15 минути, информираат од компанијата.