Зголемена наплатата за ѓубрарина кај правните лица

Проверка на податоците на задолжените правни и физички лица кои ги користат услугите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ , најавуваат надлежните во наредниот период. Целта, како што појаснува директорот Даниел Стојчевски е да се зголеми наплатата за услугата за изнесување на смет. И годинава, како и претходните неколку години  вкупната наплата е околу 80 проценти.

-Она што јас лично не сум задоволен како менаџер на ова јавно претпријатие и за што сметам дека може да има корекција и подобрување на остварување на поголеми приходи се однесува кон задолжувањето кое што јавното претпријатие гo прави кон физичките и правните лица. Kако што најавив и претходно во неколку наврати јавното претпријатие е веќе во фаза на подготовки за започнување на процесот на проверка на задолжувањето кое што го имаме кон физичките и правните лиц, како и да ја испочитуваме законската обврска , склучување на поединечни договори со сите физички и правни лица. Оваа постапка планираме да ја отпочнеме за околу месец до два месеци, веќе се подготвуваат тимовите, се подготвуваат материјалите за работа на терен, очекуваме дека граѓаните ќе го прифатат овој процес, ќе наидат на разбирање кон јавното претпријатие и ќе бидат кооперативни односно ќе соработуваат со тимовите кои што ќе излегуваат на терен и ќе вршат повторна контрола на задолжувањата кои што ги имаме кон правните и физичките лица, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Според податоците на претпријатието во 2018-та година во кои не се вметнати податоците од декември месец, бидејќи се уште се обработуваат,  се зголемила наплатата кај правните лица, додека благо е намалена кај физичките лица.

-Во 2017 –та година кај правните лица наплатата била околу 25 милиони денари, оваа година 27 милиони и 700 илјади денари што значи има покачување за околу два ипол милиона. За физичките лица во 2017-та наплатата била околу 53 милиона и 500 додека оваа година за физичките лица наплатата е 43 милиона и 500. Ова е без последниот месец декември каде уште ги немаме сумирано резултатите бидејќи сме во фаза на обработка на податоците за месец декември и тука би се движело некаде околу 50 милиони со разлика околу 3 милиона , благ пад кај физичките лица. Ова се должни и на поголем дел на граѓаните кои што се иселени во однос на 2017-та година имаме помалку домаќинства корисници на услугата на јавното претпријатие и овие резултати се сосема нормални кои што ги имаме, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Инаку, изминативе денови комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ со сите расположиви ресурси беше вклучено во расчистување на јавно прометните површини од снег. Проблем со кој што се соочија екипите на јавното претпријатие е изнесувањето на смет од потесните улички кои што не се расчистени од снежните врнежи. Надлежните очекуваат дека поради благото зголемување на температурата, снегот ќе се растопи и камионите за собирање на смет ќе успеат да стигнат до секое домаќинство кое што ги користи услугите на „Чистота и зеленило“.

Коментари

коментар(и)