Зголемен број на амбулантски прегледи, но и хоспитализирани деца евидентира Одделот за детски болести во изминатите два месеца, споредбено со претходниот период. Дневно биле прегледувани и до сто деца, информира раководителката д-р Маргица Арсовска.
Трендот на големиот број амбулантски прегледи продолжува и периодов, а бројот на болничките лекувања е намален. Лабораториските анализи покажале дека во најголем број случаи станувa збор за инфлуенца А.