Зголемен интерес за огревно дрво

И годинава граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричане  кои се греат на дрва можат да ги набават од јавното претпријатие Македонски шуми подружница Куманово по иста цена, како и минатата година, 2.371 денар за метар кубен. Од претпријатието тврдат дека  има доволно количество огревно дрво за задоволување на потребите на жителите  од трите општини, а пред се исполнување на договорите кои што потпишани во февруари месец годинава. Карактеристично за последниве години е што кумановци купуваат повеќе  кубици дрва од претходните , што се  должи на високата цена на струјата и нискиот животен стандард во државата.

– И оваа година побарувачката е поголема,  имаме со граѓани  потпишани договори, имаме обврска законска на сите тие граѓани кои имаат договор  да испорачаме дрва квалитетни,  секој да биде задоволен. Има заинтересирани многу други граѓани  со готови пари , но прва обврска е Синдикат,  пензионери,  договор со граѓани,  па потоа колку имаме вишок толку ќе дадеме на граѓани во Куманово , Липково и Старо Нагоричане, изјави Ваит Саити, директор на Ј.П. Македонски шуми, подржница Куманово

Граѓаните кои што сакаат да купат огревно дрво од приватните стоваришта треба да платат  дополнителни  600 до 1.000 денари за метар кубен зависно дали купуваат бука или даб, бидејќи таму дрвата поскапо се продаваат.

-Мислам дека е евтина цената отколку приватно што се продаваат,  имаме дрва нема да има проблем, околу  10.000 метри дрва во планина се подготвени  и од приватни шуми доаѓаат дрва и од други подружници, од Берово, од Кочани, изјави Саити.

Од  40 до 60 илјади метри кубни во просек  е побарувачката на граѓаните за огревно дрво во една грејна сезона.

Коментари

коментар(и)