Здружението „Живот“ организира состанок за органска и функционална храна

Здружението за развој на земјоделството и заштита на животната средина преку истражување, едукација и зачувување на биодиверзитетот „ЖИВОТ“ од Куманово ќе одржи Работно-иницијативен состанок на претставници од науката и бизнисот, на 27 септември 2024 година во салата на Советот на општина Куманово, со почеток во 10:00 часот. Состанокот се организира во рамките на Седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и Третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“. Главната тема на состанокот ќе биде: „ОРГАНСКА И ФУНКЦИОНАЛНА ХРАНА – ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА.“

Коментари

коментар(и)