СВР Куманово информира дека вчеравечр во 19.00 часот, 50-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Претходниот ден пак, во 02.00 часот во СВР Куманово, 31-годишен жител на село Лопате пријавил дека пред угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Куманово.