Зоран Арсовски-Бабата со изложба во Црна Гора

Академскиот авангарден уметник Зоран Арсовски – Бабата со своја самостојна изложба ќе учествува на меѓународниот уметнички Фестивал на светлината „Палатите блестат”, кој ќе се оддржи на 23 и 24 јуни во Котор во Црна Гора. Овој фестивал се одржува по шести пат низ повеќе локаци во стариот дел на Котор. Организатори се Градската Галерија Котор и Центар за култура „Никола Ѓурковиќ” Котор. Арсовски на публиката ќе се претстави со дела кои се од неговиот најнов опус и се изработени во комбинирана техника со која тој е препознатлив на пошироката јавност со оригинален свој стил за кој веќе години наназад пишува и стручната уметничка фела на историчари и критичари на уметноста, за кое сведочат бројни рецензии. Тој на јавноста е познат по бројни концептуални самостојни изложби а оваа ќе биде негова 15-та самостојна изложба. Исто така има учествувано на повеќе од 60-тина групни изложби, проекти и фестивали, со кои има настапувано на национално и многу повеќе на меѓународно ниво во повеќе држави низ светот. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Коментари

коментар(и)