Игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Во тек е изградба на ново спортско игралиште во училишниот двор на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

-Извршена е санација на асфалтната површина, изградена е заштитна ограда за целиот терен, во тек е поставување на трибини и следува поставување на еластична тартан подлога, обележување и поставување на спортски реквизити-информираше на Фејсбук, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.