Известување за одлука за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта

Поради финансиска оптовареност на родителите на почеток од учебната година, Советот на Општина Куманово излегува во пресрет на родителите кои имаат запишано ученик за прв пат во прво одделение во учебната 2023/2024 година. На седницата на Советот на Општина Куманово одржана на ден 05.04.2023 година, едногласно беше донесена одлука за доделеување на  парична помош. Субвенцијата е наменета за сите родители кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/24 година по прв пат и истата се исплаќа по ученик. Паричните средства ќе бидат исплатени на трансакциска сметка на сите родители, кои уредно ќе поднесат Барање со бараната документација и во предвидениот период за поднесување на истото.

За остварување на правото на субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение се поднесува Барање до Општина Куманово, во периодот од 01.06.2023 година до 30.09.2023 година. Барањата родителите можат да ги доставуваат и до самите училишта при запишување на учениците во прво одделение. Со Барањето за остварување на субвенцијата, семејствата кои имаат запишано ученик во прво одделение ги приложуваат следните документи:

– потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2023/2024 година, заверена од основно училиште од територијата на Општина Куманово.

– важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на првоодделенецот (копија).

– извод од матична книга на родените за првоодделенецот (копија).

– трансакциска сметка на еден од родителите/старателите (копија).

 

Коментари

коментар(и)