Извидничкиот одред „Скаут“ од Куманово во соработка со општинската организација на Црвен крст утре ќе организира крводарителска акција.
„По повод светскиот ден на извидниците, месецот февруари е посветен на правење добри дела. Затоа оваа сабота (15.02.2025) во хотел Солун (Клуб на воени старешини) од 09:00 до 15:00 часот, Извидничкиот одред „Скаут” организира крводарителска акција заедно со Црвен Крст – Куманово. Ги покануваме сите полнолетни и заинтересирани граѓани да се приклучат на акцијата. Дарувањето крв е целосно безбедно, а сите потребни мерки за здравје и хигиена се строго почитувани. Ајде да се собереме, да даруваме крв и да спасиме нечиј живот!„ се вели во повикот на „Скаут“.