Изложба на авторот Давор Кешќец во центарот за култура

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Once again“ на авторот Давор Кешќец.

Станува збор за мала ретроспектива составена од дваесетина графики и слики работени во последните неколку години.

Давор Кешќец е роден 1997 во Скопје. Средно образование ДСУЛУД “Лазар Личеноски”- Скопје, оддел графика, (2011-2015). Дипломиран на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, (2015-2020). Член на ДЛУМ од 2020.

Добитник е на наградата „Young Art”, категорија сликарство од 21-29 години во 2019-та година. Автор е на повеќе самостојни изложби, учествувал на селектирани групни изложби, учесник е во повеќе проекти и изработка на мурали.

Изложбата ќе биде поставена до 06 април 2022 г.

 

 

Коментари

коментар(и)