Изложба на „Млади уметници“ во Центарот за култура

Утревечер со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на традиционална и дигитална графика „Млади уметници“. Се работи за една збирка од триесетина дела изработени од 8 дипломирани уметници на ФЛУ-Скопје. Осумте дипломирани уметници,  Симона Најдова, Рамона Арсовска, Милица Величковиќ, Марко Марковиќ, Југослава Василеска, Јована Митевска, Ферати Џејлан и Дарко Петковски, се претставуваат за првпат со нивната заедничка изложба надвор од рамките на факултетските изложби, со своите дела од дипломскиот труд. Изложбата ќе биде поставена до 27-ми месецов.

Коментари

коментар(и)