Изложба на носии и суверини во Старо Нагоричане

Со отворање изложба на носии, сувенири,  украси и фотографии синоќа заврши проектот насловен „Преку традиционалните културни вредности на заедниците до подобар живот на граѓаните на општината старо нагоричане“. Изложбата ја организираше културно-уметничкото друштво „Српски вез“. Проектот  е со цел да се сочува културното наследство на Србите во општината Старо Нагоричане.

-Српскатаз аедница интензивно работи на нови проекти , а  најзначајно е тоа што го оформи огранокот Српски вез во 2015 година и работилница за шиење на народни носии, изјави Далибор Китановиќ, претседател на „Српски вез“

-Цела година работевме на проектот со цел да го сочуваме културното наследство на Србите во општината , изјави Весна Бабиќ, директорка на Агенција за остварување на права на заедниците

Во рачната изработка на 60-те носии учествувале 4 жени од Старо Нагоричане кои работеле по инструкции на магистерот по модерно ткаење, Миодраг Анѓелковиќ.

-Задоволен сум од умешноста и знаењето на жените кои со рачна изработка и природни материјали создадоа дури 60 народни носии и бројни сувенири, изјави Миодраг Анѓелковиќ, магистер по модерно ткаење

И Градоначалникот Милован Стојковски   е задоволен од сработеното во рамките на проектот, подржан од Советот на Европа.

Рачните изработки кои синоќа беа изложени во Центарот за млади наскоро ќе бидат презентирани и во Куманово.

 

Коментари

коментар(и)