Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики „Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска. Изложбата содржи 20-ина дела и е нејзино прво самостојно претставување.
Јаќимовска е родена во 1991 година во Крива Паланка. Дипломиран сликар со модул графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во тек е на втор циклус на студии на Европскиот универзитет, на факултетот за арт и дизајн.
Добитник е на втора награда на седмо студентско интернационално арт биенале. Учествувала на повеќе групни изложби во државата и странство.