Изложба на слики од авторот Трајан Трајковски

Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва ќе биде отворена изложбата на слики  „Мотиви од Куманово и кумановско“  . посетителите ќе имаат можност да проследат триесет и три дела изработени од авторот Трајан Трајковски во техниката масло на платно.  „Верувам дека голем дел од посетителите ќе ги препознаат темите кои ги слика Трајковски. Ова е негово второ претставување . Првата самостојна изложба е одамнешната изложба што беше претставена во уметничката галерија со цртежи со туш на тема „ Стара селска архитектура“ , изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Авторот Трајан Трајковски е роден во кумановското село Новосељане. Завршил Правен факултет во Скопје 1978 година и Педагошка академија, група Ликовно воспитување во Скопје 1966  година и Учителска школа „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Со ликовна уметност се занимава повеќе од педесет години. Учествувал на ликовни колонии во РМ и во соседните земји.

„Ги поканувам сите љубители на уметноста вечерва со почеток во 20 часот да го проследат отворањето на изложбата, а делата ќе бидат изложени до 20-ти  септември“ , изјави  Цветковски.

Проектот е поддржан од министерството за култура.

Коментари

коментар(и)