Повеќе од 150 уметнички дела на ученици од профилот графички дизајнер во средното општинско училиште „Перо Наков“ изложени се во галеријата во Куманово во рамките на изложбената поставка „L’art pour l’art” („Уметност за уметност”).
Изложбата е завршна манифестација на учениците од прва до четврта година, кои што максимално се потрудија својата креативност и инспирација да ја прикажат преку графики, плакати, фотографии, дигитални принтови и сл.
Љубителите на уметноста имаат можност да ја посетат изложбата до 28 мај годинава.