Илиевски на средба со младинскиот оркестар

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата за Куманово, Оливер Илиевски денеска оствари средба со младинскиот оркестар при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

„Го нудиме „Најдоброто“ – простории за младите музичари да можат да вежбаат, stage сцени со озвучување во парковите и урбаните места за настапи и промовирање на музичката кулутра во Куманово“, истакна Илиевски.

Илиевски  додаде дека може да се формира некој вид музички центар за младите музичари и љубители на музиката за зближување и споделување идеи. Кандидатот за градоначалник изрази поддршка на музичката субкултура.

 

 

Коментари

коментар(и)