(ВИДЕО) Илиевски: СДСМ има реална остварлива програма со конкретни проекти

„Убеден сум дека вашиот избор ќе ги рефлектира вашите надежи, а не вашите стравови. Вашите светли визии, а не вашите 12-годишни кошмари“, рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на синоќешната промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата за Куманово, Оливер Илиевски и кандидатите за советници што се одржа пред градскиот базен.  Зборувајќи за кандидатите, Спасовски истакна дека кумановци ќе направат вистински избор и дека овој пат ќе одберат европско Куманово, а според него, програмата е темелна и остварлива и ќе добие поддршка од Владата.

– Верувам во него, ко што си верувам себеси си. Знам дека секогаш имал конкретен план, реален, остварлив и прецизно обмислен. Докажал дека е подготвен секому да помогне, дека си ги знае предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани и е насочен кон нивно решавање, а не кон заташкување ‘под тепих’. Има визија за поквалитетен живот, за економски развиен,  зелен и еколошки чист град. И тврдам дека СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена и тука, во Куманово. Од неа произлезе и внимателно подготвената програма, која е производ на сите вас, драги сограѓани, од вашите идеи, стремежи, замисли и потреби. Ние, пак, како Влада ќе се погрижиме сите тие приоритети, со потребната финансиска поткрепа да добијат и реален лик, да ви го олеснат и разубават животот, да додадат функционалност и естетика на нашиот град,  рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и министер за внатрешни работи

„Не сакам да ме нарекуваат татко на град, прв човек на Куманово. Јас ќе бидам истиот Оливер Илиевски кој на 17-ти октомври ќе биде вработен од кумановци да работам во нивен интерес се до завршување на мандатот секој ден“, рече кандидатот за градоначалник на Куманово, упатувајќи силни пораки до опозицијата, Владата, но и до вработените во општината и јавните претпријатија.

– Слушам деновиве овие од ВМРО велат: Ајде наново да го градиме Куманово!. Еве ние ве прашуваме: Па кој ви бранеше 12 години да градите во Куманово? Стоиме тука пред најголемата ваша инвестиција за 12 години, а тоа се овие две тениски игралишта.

За крај сакам да порачам на сите граѓани: Бројот 12 не е за Оливер Илиевски, бројот 12 не е за Атина Мургашанска, 12 е Кумановско културно лето, 12 е за развој на спортот, 12 е за чисти реки, 12 е за нови спортски терени, 12 е за нови паркови, 12 е за 50.000 дрвја, 12 е за нови пешачки и вело патеки, 12 е за кеј од влез до излез на Куманово, 12 е за Мој еколог, 12 е за 80 км улици, 12 е за нови детски градинки, 12 е за катни гаражи, 12 е за нов булевар, 12 е за градски стадион, 12 е гасификација на Куманово, 12 е за градско шеталиште, 12 е за сите Кумановци, 12 е за чисто, зелено, модерно Куманово, 12 е за најдоброто за Куманово, рече Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата

Носителката на листата на советници, Атина Мургашанска посочи дека на ова место се вистинските социјалдемократи кои ќе го направат мнозинството во советот.

Спасовски, Илиевски и Мургашанска ги повикаа сите граѓани да дадат поддршка на програмата на СДСМ и на 17-ти октомври да го изберат најдоброто за Куманово.

Коментари

коментар(и)