Од оваа недел, имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.
„Тоа практично значи дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги. Овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат” , рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
