Иницијатива за референдум против населби за мигранти

И кумановци се приклучуваат на иницијативата за референдуми против изградбата на населби за мигранти, во организација на  граѓанската иницијатива „Будење“ Куманово.

Собирањето на потписи во Куманово почна денеска на градскиот плоштад.

Целта на граѓанската инцијатива е да ја спречат одлуката на Владата за доселување мигранти, после што, како што велат од невладината „Будење“ , ништо нема да биде исто.

Иницијаторот на кампањата , РозитаСимоновска Аритонова напомена и дека тие сакаат да делуваат превентивно, да ги соберат потписите, да ги достават до Советот на општина Куманово , со што би можеле да издејствуваат референдумско изјаснување референдум, каде граѓаните ќе кажат „не“  за мигрантите во општината.

Оттаму посочуваат дека со населување на мигранти во Република Македонија ќе се зголемат трошоците на државата за домување на овие луѓе, ќе се зголеми стапката на криминал и ќе се смени демографската структура на населението.

Акцијата покрај во Куманово, се одржува и во Штип, Гази Баба , Гевгелија, а секојдневно се шири и во други општини од нашата држава, велат од Будење Куманово.

Коментари

коментар(и)