-Здружението „Инклузива“ завчера достави материјали во магацините на ДИК. Тоа се сликовитите прикази за процесот на гласање кои се корисни за сите гласачи. За 3480 гласачки места се подготвени по пет сликовити прикази кои треба да го објаснат процесот на гласање и новиот начин со биометриско идентификување на гласачите. Ние сакаме да упатиме апел секој граѓанин да си го искористи своето право на глас, „Инклузива“ работи за учество на лицата со попреченост во изборниот процес. Успеавме оваа година во Изборниот законик да гласаат и лицата со одземена деловна способност, но сето она што го правиме со материјалите заедно со ДИК го олеснува нивното гласачко право да биде еднакво како за сите останати. За другите категории постои шаблон за гласање на лица кои се слепи, постои граничник за потпишувања. Апелираме нашите гласачи да ги побараат, ако ги немаат на гласачките места, но во исто време да не информираат затоа што можеме директно да се јавиме во ДИК да преземат активности со кои тие материјали ќе бидат обезбедени за секој гласач кому се потребни. Овие материјали може да ги користат и другите гласачи, затоа што се направени според еден универзален дизајн, кој кога нешто се прави се прави за сите граѓани, не за одредена категорија. Во исто време апелирам до сите учесници во изборниот процес да ги почитуваат правата на гласачите и другите лица со попреченост што се вклучени во изборните активности, рече Благица Димитровска, претседател на здружението „Инклузива“