Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ во пресрет на локалните избори потсетува дека „инклузивна заедница“ е онаа заедница во која секој нејзин граѓанин има можност за еднакво учество во сите активности, донесување на одлуки, работење, управување и развој.
„Лицата со попреченост и семејствата со член со попреченост многу често се неправедно запоставени, ограничени, па дури и отфрлени од заедницата на која и припаѓаат и во која можат многу да придонесат. Голем дел од гласачките места не се пристапни за лицата со попреченост, нема доволно пристапни училишта, градинки, институции, а дури и таму каде што има рампи, тие не се според стандардите за пристапност“, смета претседателката на здружението „Инклузива“, Благица Димитровска.