Инсталацијата „Лумина“ во Центарот за култура

Во Центарот за култура утревечер во 20 часот ќе биде претставена инсталацијата „Лумина“ од авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски. Се работи за поставка со повеќе објекти со аплицирани лед светла, прв проект на овие двајца млади автори од Куманово.

Владимир Николовски е роден во Куманово во 1995 година. Дипломирал на Факултет за драмски уметности – Скопје на отсек театарска режија. Работи како ликовен уметник и театарски режисер.

Марио Стошевски е роден во 1995 во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек графика. Работи како илустратор и слободен уметник.

Коментари

коментар(и)