Исчезнато е 10-годишно дете од Средорек

Четири дена нема трага од  10 годишниот Џенгис Асани од Средорек, кој што според изјавата на таткото, Африм, во саботата околу 15 часот излегол од дома и веќе не се вратил. Африм го пријавил случајот во СВР Куманово и очекува повратни информации од полицијата во врска со исчезнувањето на детето. Асани информира дека син му кога излегол од дома носел црвена јакна и ги замолува граѓаните да помогнат во потрагата.  

Исчезнатото момче Џенгис Асани е роден на 24.10.2009-та година.

Телефон за контакт : 075/ 844 – 348, Африм Асани

Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен од таткото на исчезнатото дете. Според СВР Куманово, на 27.01.2020 –та година во 19 часот и 50 минути, А.А(40) пријавил дека Џ.А. излегол од дома на 24.01.2020-та година и се уште не се вратил. Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)