Итна помош ќе добие ново санитетско возило

Санитетско возило за Итна помош Куманово ќе донира Амбасадата на Словачка во Македонија најавија на денешната прес конференција, директорот на Здравствен Дом Куманово, Миомир Панковски и амбасадорот на Словачка, Мартин Безак.

-Донацијата е мерцедес комби која ќе се користи за потребите на екипите на Итна Помош.Многу сме благордани за донацијата,бидејќи и покрај тоа што имаме возила, секогаш е добро да имаме дополнително кое како и претходните кои што ги добивме од Владата ќе биде одлично опремен -изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово

Амбасадорот  Безак  истакна дека возилото ќе биде предадено за употреба кон крајот на јули месец . Оваа донацијата е дел од проектот кој амбасадата започнала да го реализира пред две години кога било донирано за  Здравствениот дом во Скопје и минатата година за Здравствениот дом во Битола.

-Логично, на ред е Здравствениот дом Куманово. Верувам  дека возилото ќе биде корисно бидејќи е прво возило од оваа марка во возниот парк во Здравствениот дом- Куманов -изјави амбасадорот Безак.

Итна Помош Куманово  е соодветно екипирана и располага со доволен број на возила, посочува Панковски.

-Возниот парк располага со вкупно 14 возила од кои три се донација од Владата, дел се ,„лада нива“ и дел лесни возила кои се употребуваат за градски и приградски средини, изјави Панковски.

Екипите на Итна Помош пружаат нега на повеќе од  150.000 жители од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

 

Коментари

коментар(и)