Ифтарска вечер во младинскиот центар МултиКулти

Во организација на Центарот за интеркултурен дијалог – Куманово вчеравечер во Младинскиот центар MултиКулти се одржа Ифтарска вечер. На традиционалната вечера присуствуваа претседателката на Советот на општина Куманово, претставници од општинска администрација, пратеници и претставници од Владата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и останати странски дипломатски институции, кои се поддршка на нашата земја.
Присутните гости имаа можност да разменат идеи и искуства поврзани со младите и младинските политики, со цел да се воспостави основа за одржлива мултиетничка соработка.

Коментари

коментар(и)