И ВМРО ДПМНЕ го одбележа Свети Трифун

Заштитникот на лозарите и градинарите , празникот Свети Трифун традиционално  го одбележа и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово. Во чест на празникот , нивни членови  утрово присуствуваа на литургијата што се служеше во црквата Света Мина, а потоа  беа закроени и лозови насади во атарот  на селото Проевце .

-Традиционално како и секоја година и оваа година ОК ВМРО ДПМНЕ ја запази и ја продолжи традицијата на празнување на великомаченик свети трифун симбол на плодноста , симбол на доаѓање на бериќетна година, секоја година ја менуваме локацијата на закројување на лозје, изјави Зоран Ѓорѓиевски,

-И оваа година се собравме да го одбележиме празникот и на сите земјоделци да им посакаме плодна и бериќетна година, изјави Драган Петковски, ОК ВМРО ДПМНЕ , Куманово

Карактеристично за одбележувањето на овој празник е избирање на кум на манифестацијата  за наредната година. Годинава кумството му припадна на раководителот на Водостопанство Кумановско -липковско поле,  Филип Филиповски.

-Се закројува лозје,  избираме кум за наредната година, кумството се предава од претходната година, изјави Филип Филиповски, кум на манифестацијата

Свештените лица посочуваат дека одбележувањето на секој празник започнува со посета на црква и присуство на светата литургија.

-Народот  знае дека прво треба да се појде на молитва како што беше случај кај нас во Света Мина, се служеше света божествена литургија. Свети Трифун е заштитник на лозарите и на сите оние кои се занимаваат со такви работи. Свети Трифун имал и голема дарба за лекување,  изјави Жико Тодоровски, отец во црквата „Света Мина“

Свети Трифун освен што е чувар на лозјата и гостилниците, се верува дека е чувар и на брачната љубов и верност.

Коментари

коментар(и)