Казнети возачи на автопатот Куманово- Скопје- Велес

МВР информира дека 89 возачи кои што возеле со брзина поголема од дозволената, вчера биле санкционира по спроведена зајакната акциска контрола на автопатот Куманово- Скопје- Велес од страна на мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од вкупниот број казнети возачи, 24 од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР

Коментари

коментар(и)