Полицијата ноќеска казнила возачи кои биле под дејство на алкохол. Како што информира МВР, ноќва во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 16 возачи.