Санкционирани 213 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Притоа, санкционирани се 213 возачи, од кои 140 на територијата на Скопје, 23 на територија на СВР Тетово, 17 на територија на СВР Битола, 14 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 239 останати сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, упатуваме апел и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, стои во соопштението на МВР.

Коментари

коментар(и)