Казнети над двеста возачи во земјава

МВР во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционираше 203 возачи.

Од нив, информираа од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)