Казнети четириесетина мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Куманово спровеле акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци.

Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на не користење на заштитна кацига и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа- 6.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)