Казнети 127 возачи во земјава во текот на вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи спроведе во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 127 возачи.

Од нив, 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место, соопшти МВР.