Казнет возач со 2.18 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР   Куманово санкционирани се вкупно 158 возачи од  кои 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 19 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило. Санкциониран е едeн возaч поради неприлагодена брзина на движење од 103 км/ч во населено место, а исто така и едно лице поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.18 промили, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)