Отсекoт за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво денеска на градскиот плоштад спроведоа кампања преку информативни разговори со случајните минувачи и делење на превентивни флаери за заштита од пожари, претпазливо и одговорно однесување во текот на летните месеци, објави Општина Куманово.
„До сите граѓани се упатува апел за внимание, за заштита на имотот (дворови, викендици и сл.), околината, да не се палат стрништа и да се внимава при движење низ шумските предели и природата, при високи температури. Бидејќи е сезона на годишни одмори, да не се ставаат фотографии од летување на социјалните мрежи, за да заштитат домовите од кражба, да не се привлекува внимание со оставање на вредни работи на видни места во автомобили и др.“, пишува во соопштението испратено до медиумите.