Караванот „Купи куќа, купи стан“ го посети Куманово

Проектот „Купи куќа, купи стан“ вчера беше претставен пред кумановци од претставниците на Министерството за финансии. При тоа на присутните им беше објаснето дека за проектот можат да аплицираат државјани на Р. Македонија, брачни двојки чиишто месечни примања изнесуваат до 1300 евра или до 900 евра доколку не се во брак, под услов да немаат подигнато друг станбен кредит. Цените на станбениот објект кој го купуваат или градат не треба да надминува 900 евра за метар квадратен, а рокот на отплата на кредитот да биде до 20 години. За стан проектот нуди субвенција од 50 посто за месечна рата или учество, а за градење или доградба на куќа 75 посто од месечна рата или учество. На презентацијата присуствуваа и претставници од банките и градежните фирми кои ги објаснија своите проекти  и  програми.

– Многу луѓе се заинтересирани бидејќи владата понуди интересно нешто за младите брачни парови и сите останати кои сакат да се вдомат вели, Тамара Петковски од градежна фирма „Тамара- Дерм“.

– Има многу заинтересирани постојано доаѓаат во нашата банка само луѓето се неинформирани бараат постојано нови информации и сакат  да аплицираат, вели, Марија Андоновска од ТТК банка.

Граѓаните по завршување на презентацијата упатија прашања до претставниците на Министерството за финансии, градежните компании и банките. За дел од нив малите плати се пречка да учествуваат во владиниот проект, за други пак, програмата е од големо значење за  обезбезбедување на сопствен дом. Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја среда престојува во градовите низ Македонија со цел да го доближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.

Коментари

коментар(и)