Карате клуб Ронин Доџо со 10 медали од турнир во Белград

Карате клубот Ронин Доџо од Куманово викендов учествуваше на „Топ Тен“ турнирот во Белград каде успеа да освои 10 медали. Од престижниот WKF карате турнир, кумановскиот клуб се врати со едно злато, два сребрени и седум бронзени медали. Ахил Спасовски Јакуповски, Филип Христовски и Лауно Петковски освоија прво место во категоријата ката тим кадети/јуниори. Лауно Петковски освои сребрен медал и во категоријата надежи 2009. Во категоријата сениори со сребрен медал се закити и Александар Стојанчевски. Петра Стевановска и Милица Кипријановска освоија трето место во категоријата пионерки 2013, Џина Трајковска во категоријата надежи 2011, Филип Христовски во категоријата надежи 2009. Со бронза се врати и Милица Милановска во категоријата борби кадетки, а Матеја Милорадовска во категоријата јуниорки. Клара Петрушевска, Џина Трајковска и Петра Стевановска освоија трето место и во категоријата ката тим надежи. Со одличен настап, но без пласман се вратија Андреј Стојановски, Кирил Младеновски и Михаил Петрушевски. Од клубот задоволни од постигнатите резултати.

Коментари

коментар(и)