Карпош ја доби заслужената обновена поставка на спомен домот (видео)

Надлежните од НУ Музеј Куманово пред кумановската јавност ја презентираа  обновената поставка во куќата музеј на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош. Поставката соддржи нови витрини, значајни историски експонати.

Куманово викендов ја одбележува 77 годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош, па повеќе делегации од Здружението на борците, од Министерството за внатрешни работи, Општина Куманово, АРМ, политичките партии и граѓански организации, училишта што го носат неговото име, како и претставници од Сојузот на борци од Врање –  положија цвеќе пред бистата на нашиот народен херој.

Пред присутните се обрати секретарот на Општината, Александар Гелевски кој зборуваше за херојството и значењето на Карпош, истакнат партизан, командант и народен херој.

Инаку, куќата – музеј на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош е отворена во 1979 година, а во текот на 2019/2020 година таа беше реновирана.

Директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски рече дека за поставката се одвоени 600.000 денари, средства обезбедни од Министерството за култура и градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Од виш кустос Марија Живачки ќе чуеме што всушност соддржи новата поставка, со потсетување дека доколку сте заинтересирани да ја разгледате, може тоа да го сторите секој работен ден.