Граѓаните од неколку населби од Куманово бараат несовесните сопственици на хаварисани возила да ги отстранат од улиците за да може непречено да се одвива сообраќајот и да се зголеми безбедноста на пешаците. Комуналната инспекција на подрачјето на градот има регистрирано осумдесетина нефункционални возила што не се наоѓаат само на јавните, туку, и на зелените површини. Во продолжение, ја слушаме изјавата на комуналниот инспектор, Владислав Трајковски, но и реакциите на нашите сограѓани.