Што значи контрола на угостителска дејност во услови на пандемија? (видео)

Трудовата инспекција работи со полна пареа. Камерите ги следеа инспекторите во нивната ноќна работа на липковскиот терен. Тие беа задоволни што локалите ги затекнаа затворени до предвиденото време во рестриктивните мерки за работа на угостителите и напоменаа дека пред Законот се непопустливи кога станува збор и за пушење во затворени простории. Инаку, досега забрана за вршење угостителска дејност во кумановскиот крај е издадена на три објекти. Заштитата на граѓанството од ширење на пандемијата останува врвен приоритет за инспекциските служби.

Коментари

коментар(и)