Кик-боксерите викендов на државно првенство

Кик-боксерите на клубот Куманово 2006 викендов ќе учествуваат на државното првенство кое ќе се одржи во спортслата сала „Борис Трајковски“ во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија.

Клубот Куманово 2006 ќе го претставуваат Лука Велковски, Јован Димовски, Јосиф Илиевски и Мако Велковски.

– Со ова првенство ја започнуваме оваа година и се надеваме дека ќе имаме добар настап и ќе постигнеме добри резултати. Трениравме во салата на Територијалната противпожарна единица Куманово и на отворено и сме подготвени да донесеме медали, изјавија од клубот.

Коментари

коментар(и)