Кик-боксерите ќе учествуваат на Балканското првенство

Четворица кик боксери од Куманово, од 3-ти до 5-ти месецов во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе учествуваат на балканското кик бокс првенство. Кик-бокс клубот Куманово 2006 ќе го претставуваат Лука Велковски, Јован Димковски, Ненад Димковски и Александар Стоилковиќ, кои заедно со својот тренер Сашо Илиевски активно се подготвуваа во изминатиот период.

Четворицата кумановцки, вели тренерот, се подготвени да дадат се од себе за да го претстават градот и клубот во најдобро издание.

– Голема благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово кои и овој пат ни излегоа во пресрет и ни помогнаа со финансиски средства да одиме на Власина, рече претседателот и тренер на клубот Сашо Илиевски.

Балканското првенство е во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија, а во рамките на календарот на WAKO светската кик-бокс организација.

Коментари

коментар(и)