КК Куманово убедливо против МЗТ

Со резултат 95:65  кошаркарите на Куманово викендов на домашен терен славеа против екипата на МЗТ Уни Банка.  По речиси израмнетата игра во првото полувреме, избраниците на тренерот Александар Петровиќ прикажаа подобра игра во вториот дел, особено последната четвртина кога го надиграа противникот со 21 поен разлика. Најефикасен во дресот на Куманово со 21 поен беше Теодор Атанасов, а двоцифрен број поени впишаа и Миодраг Тодоровиќ, Горјан Марковски, Марјан Јанески и Марјан Младеновиќ.

– Знаевме дека ќе биде тежок натпревар сите помлади играчи ќе сакаат да се докажат, и така треба, се боревме и не ги потценивме ниту еден момент, дадовме максимум на крајот и мислам дека заслужено победивме.  Играме сите добро, добро како тим, на важните натпревари понатаму да дадеме максимум, тренираме добро  треба на сите натпревари да се игра 100 проценти, да се обидеме да победиме, ова е уште еден во низата и одиме накај топ 6-истакна Миодраг Тодоровиќ кошаркар на КК Куманово.

Кај гостинскиот состав со 13 поени најефикасен беше Андреј Андоновски, а поен помалку впиша и Марко Величковски. По седумте одиграни кола Куманово и Работнички ја делат петата позиција во табелата со по 11 бода.

Коментари

коментар(и)