Клубска изложба на уметничка фотографија Мајски Салон 2023

Фото кино клуб Козјак – Куманово по повод 75 години постоење оваа година ќе организира  неколку настани меѓу кои и клубската изложба Мајски Салон 2023 која ќе се одржи вечерва во НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово со почеток од 19:30 часот.

Во рамки на истата ќе има поставка на фотографии од ФК Марибор – Словенија. Покровители на истата се Министерство за култура и општина Куманово, како и традиционално подржана од НУЦК Трајко Прокопиев и истата е под патрон на Фото Сојуз на Македонија.

Настанот кој следува овој месец е меѓународен фестивал на краток филм “ФИЛМАЈ 2023” кој веќе пет години по ред се одржува и истиот ќе биде одржан во свечената сала на Занаетчиски дом – Куманово во две вечери (30-ти и 31-ви Мај). И оваа година љубителите на филмската уметност ке имаат можност да уживаат во најдобрите филмски остварувања.

Следат уште неколку настани за оваа година, за кои ФКК “Козјак”  ке се потруди сите посетители, љубители на фотографија, љубители на филм, да бидат дел од нив и да уживаат во поставките и проекциите.

За жал, фотографијата како уметничко изразување,  во Македонија е помалку или повеќе, пасија на ниво на хоби, организирана во повеќе фото-клубови ширум државата. Но дури и како таква, таа побудува се поголем интерес кај младите што резултира со дела кои го збогатуваат квалитетот на македонската фотографија и се повеќе ги истакнуваат нејзините специфики. Токму како подршка на креативноста на младите и неафирмирани фотографи, но и како презентација на оние наши членови чии имиња и дела се веќе препознатливи во светот на уметничката фотографија, ФКК “Козјак” оваа година слави 75 години од своето постоење, велат од клубот.

 

 

Коментари

коментар(и)