Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата, истакна во вчерашното обраќање пред медиумите Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и мандатар за идна Влада. Тој рече дека новата Влада ќе се насочи кон ефикасна реализација на капиталните инвестиции и финансиска поддршка на граѓаните во време на економска и енергетска криза, но ефикасна реализација на програмата и капиталните инвестиции.
Тој по вечерашната седница на Централниот одбор (ЦО), ги објави имињата на членовите на новото партиско раководство.
Миле Зечевиќ е новиот генерален секретар на партијата, нов организационен секретар Вангел Андревски, а Бојан Маричиќ ќе биде секретар за меѓународна соработка. Сања Лукаревска ќе остане заменик-претседателка на партијата.
Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Фатмир Битиќи се избрани за нови потпретседатели на партијата.
Во Извршниот одбор на партијата влегуваат Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.