Кокино-најпосетено туристичко место

Мегалитската опсераваторија Кокино е најпосетено туристичко место во кумановскиот регион последнава деценија. Иако националната установа Музеј се уште не располага со конкретна бројка , надлежните сметаат дека овој локалитет годишно го посетуваат неколку илјади туристи.

– Потребно е да се постави билетара која што би била контрола на протокот на туристи , меѓутоа слободна проценка е од средствата кои што се уплатени , но многу повеќе од луѓето кои што доаѓаат самоиницијативно во контакт со чуварите секако дека бројката се движи над три илјади годишно, значи мислам дека до 4 илјади годишно имаме посетители, изјави Дејан Ѓорѓиевски, директор на НУ „Музеј “

Дел од посетителите на Кокино доаѓаат индивидуално , но има и туристи кои што го посетуваат локалитетот преку организирани групи. Без разлика за каков вид на посета станува збор, надлежните препорачуваат Кокино да не се посетува без претходна подготoвка и предзнаење за локалитетот, бидејќи во спротивно ќе видат само карпа.

– До пред некое време многу повеќе не контактираа нас од музеј , а на нас ни беше многу тешко да им излеземе во пресрет затоа што имаме и други тековни обврски меѓутоа направиве бесплатна обука преку која што се лиценцираа над 50 туристички водичи од Македонија и се надевам дека тие исто така ќе бидат контактирани за да ги водат овие туристички групи , исто така голем придонес за кокино е што се направи апликација за аудио водење, значи апликацијата можќе да се симне од кокино.мк , сега контактибилно е само на андроид системот, но секако дека непосредниот контакт со туристичкиот водич е многу подобар меѓутоа ако дојдете така неподготвени тогаш оваа апликација ви нуди супер можност да го запознете кокино, изјави Ѓорѓиевски

Наплатниот систем на Кокино функционира од минатата година.

Коментари

коментар(и)