Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња

Членовите на Здружението на граѓани „Коледари“ , во пресрет на божиќните празници вчера ги набраа коледарските гранчиња во село Колитско. Откако чуварите на традицијата  се собраа во Коледарскиот клуб во населба Карпош,  организирано тргнаа кон селото да ја остварат својата мисија, односно да наберат гранчиња кои што на лице место се осветуваат од свештено лице и на шести јануари- Бадник секоја година се делат на граѓаните на Куманово, на организирана прослава на градскиот плоштад. Да потсетиме дека прославата на Бадник започнува со посета на црквата Свети Никола, каде што се сече славскиот колач и се врши примопредавање на кумството, а потоа поворката поминува по улиците во централното градско подрчаје и завршува на градскиот плоштад. Годинава кум беше Дарко Радевски, а за следната година предложени се Зоран Божиновски- Данур и Мишко Николовски, информираат од здружението „Коледари“.