Коледарскиот клуб организираше крводарителска акција

10 –та по ред крводарителска акција во чест на роденденот на трагично загинатиот Тоше Проески се организираше денеска во просториите на здружението на граѓани „Коледари“. Организаторите очекуваат на оваа акција да се соберат четириесетина единици крв.

-Се надевам дека и другите здруженија ќе покренат вакви акции. Пораката е да даруваме крв за да помогнеме некому, изјави Дарко Доневски, Здружение на граѓани „Коледари“

Надлежните од Институтот за трансфузиона медицина се задоволни од одзивот на дарителите на крв на денешната акција, а пак крводарителите со порака до помладата популација да се вклучуваат  во вакви хумани акции.

-До сега имаме околу 20 дарители. Треба да се дарува крв зартоа што е здраво за тие што го даваат, но и за тие што ја примаат крвта, изјави д-р Ефтим Димитровски, Институт за трансфузиона медицина

-25 пати досега сум дарувал крв и се приклучувам на секоја акција која што ја организира коледарскииот клуб, изјави Дејан Петковски, крводарител

Крводарителските акции во чест на Проески ќе продолжат и наредните години, потенцираат од здружението на граѓани „Коледари“.

Коментари

коментар(и)