Движењето ЗНАМ – За наша Македонија утре, 01 октомври, ќе одржи голем митинг на градскиот плоштад, со почеток во 19 часот.
– Во оваа прилика сакам да Вe информирам сите дека Движење ЗНАМ – За наша Македонија официјално ќе ја направи својата конвенција на кандидати за советници и мене како кандидат за градоначалник во среда, на Градскиот плоштад со почеток во 19 часот. Тука ќе биде презентирано дел од нашата предизборна кампања и ќе бидат презентирани сите наши кандидати и за градоначалник и за советници“, изјави на вчерашната прес-конференција, Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.